Разрешен Стојанче Рибарев – судија во Врховниот суд

На денешната седница на Судскиот совет освен судскиот поротник, разрешени биле и судијата во Врховниот суд, Стојанче Рибарев и судијката од Апелацискиот суд во Штип, Сузана Здравева, дознава Фокус од извори во Судскиот совет. Рибарев е судија од Штип, а во 2016 година беше избран за Врховен судија во Одделот за граѓански дела,  пренесе Фокус.

Рибарев по неколку месеци откако стана судија во Врховен суд, беше в.д. претседател на Кривичниот суд, кога се процесуираа предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Според неговата биографија само една година откако е избран за судија во Основниот суд за граѓанска материја, во 1997 година станува претседател на овој суд. Три години подоцна, во 2000 година, станува член на телото што ги избира и ги разрешува судиите, Судскиот совет.

По завршувањето на мандатот во Судскиот совет во 2002 година, Рибарев се враќа во Штип, но како судија во повисокиот, Апелациски суд, во граѓанскиот оддел, а во 2008 година станува претседател на штипскиот Апелациски суд. Таму останува до изборот за судија во Врховен суд, во септември 2016 година. По краткото претседателствување со Кривичниот суд, Рибарев се враќа во Врховен.

Освен Рибарев, разрешена е и судијката Сузана Здравева од штипска Апелација која работела на граѓанска област.

Back to top button
Close