Разрешена директорката на Пазарниот инспекторат,назначен нов

Владата на РСМ на денешната седница донела одлука да ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат, соопштија од „Илинденска“.

Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот.

Во соопштението на Владата не е наведена причината за разрешувањето на Димоска. Таа беше именувана за в.д. директор на ДПИ во мај 2021 година на местото на Стојко Пауновски кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Back to top button
Close