Развојна банка го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за кредитокорисниците од ,,Ковид 2”

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитокорисниците од ,,Ковид 2”. Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 18 јуни 2021 година кога е последниот ден за поднесување на Барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 (дванаесет) месеци.

Преку објавата на јавен повик со кој се овозможува корисниците на кредит од ,,Ковид 2” да побараат продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата се реализира мерка објавена во петтиот сет економски мерки. Објавата на јавниот повик е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош, објавена во Службен весник на РСМ бр.121 од 03 јуни 2021 година.

Субјектите кои користат кредит од ,,Ковид 2”, во рок од 7 дена, треба да поднесат Барање до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. Барањето е прикачено на јавниот повик, а за дополнително поедноставување на постапката Барањето се доставува преку електронска форма.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close