Разврска за титулата во Шпанија
Титулата во шпанското фудбалско првенство, кое завршува викендов, ќе остане во Мадрид, а дали Реал ќе го одбрани трофејот или градскиот ривал Атлетико по 11. пат ќе стане шампиони ќе биде познато вечерва околу 20 часот.
Атлетико Мадрид влегува во завршното коло со 83 бодови, два повеќе од единствениот конкурент за титулата Реал на второто место.
Атлетико од 18 часот гостува на Ваљадолид, кој се надева на победа во битката за опстанок, додека Реал, во истиот термин, игра го пречекува Виљареал, кому три бода му се неопходно во обид за избори место во Лига Европа.
Тимот на Диего Симеоне ќе слави шампионска титула со победа во Ваљадолид, а во случај на нерешен резултат или пораз, ќе се надева Реал да не го совлада Виљареал.