Реџепи : Ја напуштам Алтернатива ако партијата реши да ја урне Владата заедно со Левица

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вечерва на ТВ21, каде гостуваше во дебата за последните политички случувања, истакна дека доколку неговата партија одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти.

 

 

Меѓу другото, тој додаде дека во тој случај најверојатно ќе го предаде и пратеничкиот мандат.

„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи на ТВ21.

Back to top button
Close