Реџепи до Сали: „Mинистер за зоолошка градина“

Доколку Алтернатива не успее да ги спроведе програмските точки договорени со мнозинството, треба да ја напушти Владата. Алтернатива стана дел од владата поради договорената програмска платформа, а не поради политичките функции што ги презеде. Но, за жал, 100-те дена не донесоа никаква промена, досега ниту една од договорените точки не се реализирани, изјави Скендер Реџепи за „Слободен печат“.

На ова му одговори генералниот секретар на Алтернатива и министер за здравство, Беким Сали. Според него, пратеникот Реџепи треба сите несогласувања да ги искаже во рамките на партијата, а не во медиумите.

– Не може да ги коментирам изјавите кои се искажани јавно и не се искажани во органите на партијата, од човек кој не учествувал на партиски состанок каде се дабатираше за учеството во владата. Секој понеделник Алтернатива има кординативни состаноци за своето политичка делување, немало некое можно незадоволство изразено во партиските органи, изјави Сали за Тв21.

Сали истакна дека сите незадоволства треба да се изразат и искажат во рамките на партиските тела.

По изјавата на Сали со сарказам на својот профил на фејсбук реагираше пратеникот Реџепи, кој иронично го нарече Сали „министер за зоолошка градина“.

– Од министер за здравство во министер за зоолошка градина. „Волкот го јадел магарето до половина, а сиротото велеше „дај боже да сум на сон“, напиша Реџепи.

Back to top button
Close