Реџепи го прифатил предизвикот Мицевски – Владата сепак паѓа?

Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, објави ТВ 21.

Според телевизијата, во седиштето на партијата попладнево се разговара за поканата на Мицевски и оттаму произлегува како можна опција уривањето на Владата.

Реџепи  вчера изјави дека бил прелажан да се потпише на иницијативата за новото парламентарно мнозинство. Тој не сака да учествува во уривањето на Владата заедно со пратеници од Левица. Изјави дури и дека ќе ја напушти Алтернатива доколку партијата заедно со Левица учествува во уривањето на Владата.

Мицевски денеска преку социјалните мрежи му понуди на Реџепи да поднесе нова иницијатива за рушење на владата заедно со уште 19 потписи од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ“, напиша Мицевски на Фејсбук.

 

Back to top button
Close