Реџепи: Ми текна дека Левица се анти НАТО и си велам вака не бива

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи во вечерашното гостување на ТВ 21 објасни како ја донел одлуката да не гласа за недоверба на Владата. Вели дека му бил забиен нож во грб кога видел дека и Левица е дел од иницијативата.

Да, се потпишав и јас. Имаше друг договор. Имавме други ветувања. Ни рекоа дека ќе има и други пратеници. Се потпишавме и отидовме дома. Кога стигнав дома, гледам фотографија со Апасиев. Се збунив. Нож во грб. Што да зборам повеќе. Веднаш сменив мислење. Видов дека ова не оди на арно. Сам си донесов одлука. Почнав да се консултирам и со пријатели. Се исконсултирав и со странци, со претседателот на комисијата за меѓународна соработка.
Чекајте луѓе, па почнаа многу работи да ми се враќаат во глава, прво 27 април, второ дали ВМРО јасно се изјасниле за Преспанскиот договор, потоа ми текна дека Левица се анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирани, и си велам оваа работа не ја бива, рече Реџепи.

Back to top button
Close