Реџепи: Предалеку сме од реализацијата на желбите на Мицкоски
Координаторот на пратеничката група на албанската опозициска коалиција и висок експонент на Алтернативата, Скендер Реџепи, во изјава за Слободен печат, вели дека разликите меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ се толку големи што договорот е далеку, и како што вели тој, далеку се и во остварување на желбите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– За градоначалник или претседател на советот може да се избере кој било граѓанин и во сите општини во земјата (не само албански средини), без оглед на националноста: прво ни треба договор, а потоа да победиме на изборите и на крај се утврдуваат партискиот или друг интерес. Далеку сме од предизборниот договор, што значи дека сме уште подалеку од реализацијата на желбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Реџепи.