“Ре-Медика“: Убиениот доктор не е вработен во Ре-Медика

Соопштение од Првата приватна општа болница „Ре-Медика“

Првата приватна општа болница „Ре-Медика“ ја информира јавноста дека лицето, лекар кое во немилиот настан , според информациите објавени од МВР и ЈОРСМ , е пронајдено мртво , пред здравствената установа „Железара“, не е вработенo во „Ре-Медика“.

Во неколку медиуми утрово „Ре-Медика“ беше споменувана во контекст на овој настан. Во интерес на точното информирање на јавноста сакаме да потенцираме дека „Ре-Медика“ не е поврзана со настанот, за кој жалиме и упатуваме искрено сочувство. Ве молиме да ги користите официјалните информации од надлежните институции, како МВР и ЈОРСМ

Back to top button
Close