Реакција на Беса за упатството на АВМУ за медиумско претставување

Како што сте информирани веќе неколку месеци Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) односно директорот на оваа агенција Зоран Трајчески со своите постапки се става во партиската служба на претходниот режим ВМРО-ДУИ, обидувајќи се во било која форма и начин да му наштети на Движењето БЕСА.

И покрај фактот дека ДИК се обрати до Движењето БЕСА со известување да изготви план за медиумско претставување, повторно Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не го почитува законот и известувањето на ДИК, институција преку која се плаќа медиумскиот простор, велат во БЕСА

Најновото упатство издадено од оваа агенција за поделба на времето на политичките партии, иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, партиската агенција на ВМРО-ДМПНЕ им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути на партијата што го избра Зоран Трајчески за директор, сметаат во БЕСА од каде додаваат дека се појавуваат две дилеми:

Прво, која е втората опозициска партија од последните парламентарни избори г. Трајчески? и

Второ, со вашите мерни параметри на толкувањето на законот можеме да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ не е опозициска партија затоа што во моментот е претставена во владата со министри и заменици министри.

Агенцијата управувана од кадарот на ВМРО-ДПМНЕ изврши сериозни прекршувања со непочитување на законот и издавање наредби спротивно на Изборниот законик, затоа Движењето БЕСА поднесе кривична пријава против агенцијата и надлежните лица.

За ова кршење на законот од агенцијата предводена од Трајчески, Движењето БЕСА официјално го извести целиот меѓународен фактор во земјава и побаравме да се следи работата на агенцијата и да не се толерираат остатоците од претходниот режим да создадат конфликтни ситуации, непотребни за земја што ќе започне преговори за членство во ЕУ.

Движењето БЕСА вчера, се обрати со службено известување до ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара од нив денес да се сретнеме за да го споделиме просторот за медиуми во согласност со писмото што го добивме од ДИК.

Во случај ВМРО-ДПМНЕ да не одговори на нашата покана за да се договориме, ќе ја известиме Државната изборна комисија и ќе бараме со одлука да го ограничи буџетот за медиуми за ВМРО-ДПМНЕ, а со одобрување на оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одговори на сите медиуми за нивната манипулација подготвена преку агенцијата предводена од Зоран Трајчески.

За жал, се докажува уште еднаш, дека претходниот режим на ВМРО-ДПМНЕ сè уште е инсталиран во системот на земјата, затоа овие луѓе и овој менталитет треба да бидат казнети со гласање на 15 јули, и не дозволиме нашата судбина и судбината на нашите деца да ја преземат луѓе што не го почитуваат законот, се поставуваат над законот, создаваат хаос и не носат одговорност за своите постапки.

Народот треба да разбере дека кога ВМРО-ДПМНЕ од опозиција се однесува на овој неодговорен начин, замислете дoколку тие имаат моќ, колку штетни можат да бидат за општеството и државата, се наведува во соопштението на движењето БЕСА

 

Back to top button
Close