Реакција на МНРиНТ на пресот на СДСМ: Македонската дипломатија не е и нема да биде ничија партиска сопственост

Македонската дипломатија не е и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на државата – институционално, професионално и во согласност со законот, се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на прес – конференцијата на СДСМ.

Македонската дипломатија не е и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на државата – институционално, професионално и во согласност со законот, се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на прес – конференцијата на СДСМ.

-Автентичното толкување на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи е легитимна, уставно заснована постапка, донесена од Собранието – единствениот орган со надлежност за толкување на законите. Министерството нема ниту овластување, ниту влијание врз овој процес. Членот на Комисијата за надворешни работи од СДСМ, Фатон Бејта, го упатуваме на предметот Уставно право на кој било правен факултет во државата, каде што ќе може да се потсети дека државата се темели врз начелото на поделба на власта – законодавна, извршна и судска. Целта на ова толкување е да се воведе дополнителен демократски филтер и јавна отчетност при изборот на амбасадори – не да се одземе уставната надлежност на Претседателот, туку да се зајакне транспарентноста пред граѓаните, стои во соопштението од МНРиНТ.

Собраниската процедура, спроведена пред Комисијата за надворешни работи составена од пратеници од сите политички партии, како што се наведува, е доказ за инклузивност и независност на процесот.

Наместо да одржуваат безпредметни прес-конференции, од Министерството бараат СДСМ да одговори, како што наведуваат, зошто нивните амбасадори со години биле апатични, невидливи или отворено политизирани, а именувањето на дел од нив било спротивно на Законот за надворешни работи.

-Нашата цел не е партизација, туку системска професионализација. За првпат по долг период се воспоставуваат јасни критериуми, јавни постапки и механизми за унапредување на кариерните дипломати. Најсилна потврда за ова се измените на Законот за надворешни работи, кои неодамна беа усвоени во Собранието, а чија главна цел е токму професионализацијата на дипломатијата. Амбасадорите што чесно и професионално ја извршувале својата функција немаат од што да се грижат. Но оние што амбасадите ги третираа како партиски трофеи – нивниот мандат завршува. Оваа влада гради модерна, отчетна и компетентна дипломатија – со амбасадори што ја претставуваат државата, а не партијата. Не враќаме наназад – конечно се движиме напред, стои во соопштението од МНРиНТ.

Од СДСМ денеска претходно на прес – конференција обвинија дека Владата противуставно ја узурпирала дипломатијата и ја претворила во продолжена рака на партијата. -Користејќи го парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ и министерот за надворешни работи Муцунски, прават директно мешање на законодавната во извршната власт, преку политички злоупотреби на Автентичното толкување на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи, рече на прес-конференција Фатон Бејта од Комисија за надворешни работи на СДСМ.

Back to top button
Close