Пендаровски: „Експертот по енергетика“ треба да знае дека одлуките за вонредна состојба ги потврди Уставниот суд
Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владат, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во реакција на денешната изјава на премиерот Христијан Мицковски.

“Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицковски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните “резултати” од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на “експертот за енергетика” претходно не му ги објасниле неговите “големи правници”.
Имено, Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, ПОТВРДИ дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите.
Второ, уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат.
Трето, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба.
Мене ми е јасно дека и ова образложение нема да го спречи Мицковски да продолжи неосновано да обвинува и клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее.”






