Реакција на Песков за мемоарите на Џон Болтон во делот за Путин

Проценките на Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, дадени во неговите мемоари, а кои се однесуваат на рускиот претседател Владимир Путин, не можат да се сфатат како објективни, бидејќи е можно за нешто да се согласиме, но не и со се, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Што се однесува до неговите оценки за нашиот претседател, тие се различни, со некои можете да се согласите и со некои не можете да се согласите, така што тука мора да ги погледнете одделните пораки, изјави Песков пред новинарите.

Според него, не може да се даде општа проценка за мемоарите, објави Тасс.

Песков, исто така, одби да коментира дали перцепцијата на Болтон за Путин е позитивна или негативна.

Back to top button
Close