Реакција на родителите на загинатите во „Пулс“: „За кого лажеш Дејан, за твојот газда Деко“

Бурна реакција имаа родителите на дел загинатите во дискотеката „Пулс“ по сведочењето на Дејан Манасиев кој работел како шанкер во дискотеката од 2012 година.

„Дејан седум твои колеги, другари ти загинаа. За кого лажеш ќе те молам, за кого лажеш, за кого, за твојот газда Деко ли? Дека плафонот не бил спуштен. 100 сведоци кажаа дека е спуштен, дека тој плафон е со сунѓер во којшто имало цијанидни примеси кои се причина нашите деца да бидат отруени како Евреите во логорите. Како не ти е срам Дејан? Три деца имаш, да ти се живи и здрави, само да не тргнат по патеката на татко им. Нека ти служи на чест“ – рече Марија Петрушева, мајка на загинатиот Андреј

Инаку, Манасиев рече дека ќе бара отштета, но не се приклучи на кривичниот прогон на обвинетите

Back to top button
Close