СДСМ: Очигледно во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето. Тие би сакале да ги поседуваат сите невладини организации

Сooпштение на СДСМ: 

Само во диктаторските глави на ВМРО-ДПМНЕ невладините организации имаат сопственици.

Три работи се гледаат во административната селекција:

Дали е регистрирана во регистарот на здруженија на невладини, дали постои повеќе од 2 години и тековната состојба не е постара од 6 месеци. Толку. При тоа, никој не смее и не е дискриминиран.

Очигледно во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето. Тие би сакале да ги поседуваат сите невладини организации, да ги контролираат и манипулираат како што правеа цела деценија или пак  да ги затворат – по стапките на бегалецот Никола Груевски.

Јасна Мандиќ не е сопственик на Ресурсен центар, ниту пак Ребека, која ја води организацијата, а чиј сопруг држеше говор на протестите на 27 април.

Дали тоа значи според ВМРО-ДПМНЕ дека Владата дала пари на оние што го нападнаа Собранието?

ВМРО-ДПМНЕ да престанат да врши етикетирање на невладиниот сектор и конечно нека се помири со фактот дека парите од Буџетот не одат во белата палата, туку се користат исклучиво за интересите на граѓаните.

Корумпираната политика на ВМРО-ДПМНЕ е поразена и заменета со одговорна власт, која транспарентно работи во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е неоодговорна партијата и прави се да ја врати државата во заробеното минато. Но, ние тоа нема да го дозволиме. Заедно со граѓаните ќе ја надминеме и оваа здравствена криза и ќе продолжиме успешно по патот на развојот и напредокот.

 

Back to top button
Close