Реакција на СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски

Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во Македонија едвај врзуваат крај со крај, се борат со поскапувања, мизерни плати, празни паричници и празни фрижидери.

Наводно „добрата економска слика“  која не може да ја продаде Мицкоски е уште една провидна манипулација со кои се обидува да ја замагли катастрофалната реалност во која живеат граѓаните.

Постојано зголемување на цените, плати кои стагнираат, стандард кој постојано опаѓа, граѓани со се помалку пари. Тоа е болната реалност во Македонија.

Не се исплаќа поратот на ДДВ, субвенциите за земјоделците се намалени и каснат, нема реализација на капитални инвестиции, власта доцни и не може плати да исплати.

Кога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст значи бесмислени се било какви фалби, нема никаков раст.

Индустриското производство, еден од клучните индикатори за реалната економија, бележи пад од 0,8% во февруари 2025 во споредба со истиот месец лани. Тоа е јасен сигнал за опаѓање на економската активност.

Граѓаните многу добро ја знаат реалноста, нема никаква економија што цвета – има економија што стагнира и народ што осиромашува.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close