Реакција на Управата за извршување санкции за фотографијата на вработената што беше објавена на социјалните мрежи

Управата за извршување на санкциите – орган во состав на Министерството за правда, одлучи да се обрати до медиумите со ова соопштение откако во текот на вчерашниот ден на некои од медиумите беа објавени фотографии од приватен профил на вработена во казнено-поправната установа Затвор – Битола, на кои во позадина им е монтирана и музика, а кон фотографиите следуваат коментари кои ја извртуваат вистината.

Управата за извршување санкции ги испита околностите и утврди дека фотографиите се направени на 20.05.2020 година кога во Затворот – Битола на јавен настан се промовираше завршувањето на реконструкцијата на оваа установа со присуство на новинари и фоторепортери кои го фотографираа и интериерот и екстериерот на затворот и притоа се фотографираа и присутните, но сето тоа се случуваше во празни простории бидејќи во затворот се уште нема судени и притворени лица.

Соопштението ви се доставува со цел јавноста да биде запознаена со вистината и ја изразуваме нашата благодарност за објавување на истото.

Back to top button
Close