Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изнесените ставови на премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју” на Канал 5

 

Ковачевски нема да биде премиер ниту 12 месеци, а не 12 години

Ковачевски нема да биде премиер ниту 12 месеци, а не 12 години, наместо да краде веднаш да го укине ДДВ – то на храна, на горивата да биде 5%.

Оваа влада, не пристапи систематски на проблемите. Имаме производство на струја кое денес за разлика од пред две години е за 1 милион мегават часови помало. Неспособноста и криминалот во РЕК не чини и до 250 милиони евра годишно, а граѓаните повисоки сметки за струја.

Пет години нема никаква инвестиција во енергетиката. И тие капацитети кои ги имаме се запустија од власта.

Со оваа динамика на негрижа, ни се заканува дебакл на полето со снабдување и обезбедување на струја.

Храната не е скапа затоа што на светските берзи е скапа, туку затоа што Македонија нема доволно ниту пченка, ниту пченица, ниту јачмен, ниту сончоглед, а со тоа има поскапо брашно, поскап леб, поскапа сточна храна, поскапо млеко, и сето тоа се обезбедува со поскап увоз и одлевање на милиони евра, девизи.

Сега се произведува 60.000 тони пченица помалку во однос на периодот од пред 5 години. Откуп нема за земјоделските производи, а на рафтовите во светот имаме покачени цени. Тоа говори дека МЗШВ страшно потфрла да помогне и поттикне извоз во земји каде има зголемена потреба од земјоделските производи кои скапуваат на нашите ниви, но како ќе организира кога Љупчо Николовски наместо да работи, наоѓа начини како да му даде 1.4 милиони евра на Заев.

Во однос на нашите евроинтеграции, оваа влада, не направи ништо, само ја втурна Македонија во кризи.

Стана нормално да се понижуваат професори за хонорари да пишуваат статуси на фејсбук за СДСМ, и за тоа да му рапортираат на Државниот секретар во министерството за одбрана.

Македонија ќе биде земја со над 70% јавен долг, затоа што оваа влада краде 5 години.

Со оваа влада, имаме само сиромаштија, криминал и корупција. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори што поскоро.

Ковачевски треба да знае и дека ниту милион лаги искажани на интервју нема да го спасат СДСМ од пораз на избори.

Центар за комуникации

Back to top button
Close