Реакција на ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од Здружението на новинари на Македонија по денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои може институционално и аргументирано да се проверат ваквите наводи“ стои во реакцијата на ЗНМ.
Извор: fokus.mk






