Реакција од СДСМ на изјавата на министерот Наќе Чулев

 

Со неосновани обвинувања Чулев нема да го спаси Мицковски од одговорност и изборен пораз, може само да добие кривична пријава, се наведува во соопштението на СДСМ

Сценарија со политички позадини се обележје на времето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата

Време кога исклучиво фирми и компании блиски на тогашната власт или од кои ВМРО-ДПМНЕ имаше личен интерес и профит грабаа тендери и правеа бизниси.

Неоснованите обвинувања од Наќе Чулев се уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило, ја злоупотребуваат полицијата во нивни партиски цели, велат од СДСМ додавајки дека доколку техничкиот министер Чулев сака да брка криминал, нека се позанимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ.

Чулев нека ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати, порачуваат од СДСМ.

Најголемиот успех на Мицкоски, по диктат на Груевски е покачувањето на струјата за 100% и укинувањето на евтината тарифа на струјата кое се случи во 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Токму СДСМ и одговорната Влада што ја предводи ја врати евтината тарифа на струјата, како една од првите мерки кои ги спроведе, а со тоа  11 милиони евра пари останаа кај граѓаните.

Затоа, вака, со неосновани обвинувања Чулев нема да може да го спаси Мицкоски од изборен пораз и одговорност.

Единствено што Чулев може да добие е кривична пријава за неосновано обвинување, порачаа од СДСМ додавајки дека  времето на ВМРО – МВРО и полициски хајки за оцрнување за нив неподобните е завршено

 

Back to top button
Close