Реакција од СДСМ на обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

Касно е признанието на Мицкоски дека Владата му е катастрофа. Штетите што ги направи за неполна година се непоправливи, а иднината на граѓаните и нивниот стандард се уништени.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за десет месеци, како ураган, ја уништи економијата, го срози стандардот и ги закопа перспективите. Сѐ што направија е што се шетаа со приватни авиони и бизнис-класи, јадеа манго и папаја, и ја задолжија државата за три генерации. Не реализираа ниту еден проект, туку сѐ уште отвораат инвестиции на СДСМ и се сликаат гордо пред успесите на минатата влада.

Мицкоски не е ни свесен каков гнев и незадоволство постои меѓу граѓаните од неговите политики, а изненадувањето ќе го дочека на изборите. Разбирливо е дека ќе мора да ги убедува граѓаните и најавува големи победи, затоа што е свесен дека задоволството од неговата работа паѓа од ден на ден.

Центар за комуникации СДСМ 

Back to top button
Close