ВМРО-ДПМНЕ: Државава е изолирана поради неспособноста на Филипче и Заев

29 август 2020

Филипче нема ниту еден успех зад себе. Нема ниту нов Клинички центар кој толку многу го ветуваа. Излажаа дека ќе ја доградат и веќе започнатата Клиничка болница во Штип која во наследство им ја остави владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е рекордер по смртноста на новороденчиња, а најголемото фијаско е што земјава е во врвот на најнеуспешни земји кои се справуваат со Ковид кризата.

Државава е изолирана поради неспособноста на Филипче и Заев. Тоа е министерот кој лажеше дека ја вакцинирал својата внука од сипаници и чиј главен и единствен интерес се тендерите и личниот профит.

Дали е свесен Филипче дека неговата неспособност преставува елементарна непогода за македонскиот здравствен систем.

Со почит,

 

 

Back to top button
Close