Реакции од европските лидери за падот на Орбан

Емануел Макрон: Победа на демократијата
Францускиот претседател Макрон преку платформата Х упати срдечни честитки до Маѓар, истакнувајќи ја важноста на овие избори за европската иднина на Унгарија:

Франција ја поздравува масовната излезност и демократското учество на граѓаните, објави 4news.mk Победата ја покажува приврзаноста на унгарскиот народ кон вредностите на Европската Унија. Унгарија ја потврди својата стратешка улога во рамките на Европа.

 

Урсула фон дер Лајен: Унгарија го избра европскиот пат Претседателката на Европската комисија изрази задоволство од исходот на изборите, нагласувајќи дека „Унгарија ја избра Европа“. Таа додаде дека со овој резултат земјата го продолжува својот европски пат, а европското срце вечерва „чука малку побрзо во Унгарија“.

 

Фридрих Мерц и Андреј Пленковиќ: Соработка за обединета Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати искрени честитки и изрази подготвеност за заедничка работа за силна, безбедна и обединета Европа. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ исто така му честиташе на Маѓар за убедливата победа, порачувајќи дека Хрватска сака да ја унапреди политичката, економската и енергетската соработка со соседниот партнер.

Back to top button
Close