Реал против Макаби ќе игра без публика

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Макаби Тел-Авив во 21. коло од Евролигата ќе се игра без публика, објави прес-службата на мадридскиот клуб.
Натпреварот е закажан за четврток, 8 јануари, во Мадрид.
Одлуката е донесена откако Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот го оцени натпреварот како настан од висок ризик. Навивачите ќе добијат поврат на парите за билетите.
Претходно, Барселона исто така објави дека својот домашен натпревар од 20. коло од Евролигата против Макаби Тел-Авив вечер од 20:30 часот ќе го игра без публика, по слична препорака






