Реал се согласи да му плати на Борнмут 50 милиони евра за Хојсен

– Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигна договор за откуп на договорот на фудбалерот на Борнмут, Дин Хојсен, со што се активира откупна клаузула од 50 милиони фунти, објави денеска Би-Би-Си.

Претходно, дваесетгодишниот шпански репрезентативец одби неколку понуди од клубови Премиер лигата со цел да се пресели во Мадрид.

Договорената сума ќе биде исплатена на три рати, а дел од трансферот им припаѓа на поранешните клубови на Хојсен – Јувентус 10 проценти), а Малага ќе добие 5 проценти од вкупната сума.

Реал Мадрид сака да го комплетира трансферот пред почетокот на Светското клупско првенство во САД следниот месец.

Хојсен, кој е роден во Холандија, порасна во Шпанија, каде што настапуваше за младинските тимови на Малага и академијата „Коста Унида“ во Марбеља. Англиските клубови – Челзи, Ливерпул, Арсенал и Њукасл – покажаа интерес за талентираниот стопер, но дефанзивецот сепак одлучи да се врати во Шпанија.

Хојсен му се приклучи на Борнмут од Јувентус минатото лето за 12,6 милиони фунти и оваа сезона запиша 34 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три голови

Back to top button
Close