Реал со голем исчекор кон шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа голема победа попладнево на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао која ги носи многу блиску до трофејот во Ла Лига.

На жешкиот терен во Билбао, стрелец на единствениот гол беше Серхио Рамос од пенал во 73. минута, досуден по интервенција на судиите од ВАР собата.

Со новите три бода Реал се зацврсти на првото место на табелата со 77 бода, седум повеќе од Барселона која својот меч од 34. коло ќе го игра вечер со Виљареал.

Во случај Каталонците да не победат, тогаш ќе имаат само теоретски шанси во последните четири кола да го стигнат големиот ривал

Back to top button
Close