Ребиќ се поблиску до постојан договор со Милан

Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, кој е изнајмен од Ајнтрахт Франкфурт, може да потпише постојан договор, пренесува „Тутомеркатовеб“.

Според изворот, клубот од Милано веќе се сретнал со агентот на 26-годишниот Хрват Фали Рамадани за да разговараат за договорот. Ќе се водат разговори и со агентот во врска со трансферот на напаѓачот Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Оваа сезона, Ребиќ забележа 20 одиграни натпревари во Серија „А“, во кои постигна 10 гола.

Back to top button
Close