Речиси е извесно враќањето на дневната евтина тарифа на струјата 19:39, април 18, 2023
Регулаторната комисија прави анализи дали е возможно да се врати евтината тарифа во текот на денот.
Зголеменото производство на електрична енергија во 2023 година навестува враќање на евтината тарифа на струја.
Од 1 јули македонските граѓани повторно би можеле да користат евтина струја и во текот на денот, во периодот од 14 до 16 часот.
Дополнителен мотив за враќање на дневната евтина тарифа веќе од јули, кога ќе се прават пресметките, е и дека има голем број изградени фотоволтаични централи, најголем дел на компании кои ги поставија на своите кровови и кои што немаат потреба да купуваат ниту на слободен пазар и на регулиран пазар и најголем дел си ги обезбедуваат потребите од фотовалтаиците.
Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 отсто благодарение на благата зима оваа година покажаа последните пресметки на регулаторите.