Речиси половина од руските сили што ја опкружуваат Украина се на позиција за напад, изјави американски одбранбен претставник за Си-Ен-Ен

Речиси половина од руските сили што ја опкружуваат Украина се во позиција за напад, според официјален претставник на американската одбрана запознаен со најновата проценка.

Бројот на батаљонските тактички групи се зголемил на приближно 120-125. Батаљонската тактичка група обично се состои од 1.000 војници. Официјалниот претставник рече дека руската војска продолжила да ги придвижува силите кон границата, а во последните 48 часа, бројот на силите на нападната позиција достигна 40-50отсто

Во исто време, руската кампања за дестабилизација започна, нагласи официјалниот претставник, јави Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close