Ред Бул ангажираше адвокат да го испита судирот меѓу Верстапен и Хамилтон

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека тимот ангажирал адвокат да го преиспита судирот меѓу Макс Верстапен и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон на трката во неделата во Силверстоун.

Стјуардите го казнија Луис со казна од десет секунди, што не го спречи да ја освои трката за Големата награда на Британија.

– Адвокатот треба да провери што може да се направи во оваа ситуација во рамките на законодавството за спорт. Макс има многу среќа што не му се случи ништо сериозно. Автомобилот е скршен, моторот е веројатно исто така. Не можете да поминете низ тоа така. Суспензијата за трката би било праведно решение. Правилата мора да се ревидираат – ова исто така важи и за работата на стјуардите. Перез доби две казни од пет секунди во Австрија за лесен контакт кога никој не излета од патеката. Хамилтон за многу поголем инцидент добие казна од десет секунди. Макс беше на својот пат, а Хамилтон мораше да си остане на својот правец. Не можете да удрите во противникот во еден од најбрзите свиоци, каде што лесното допирање може да доведе до фатални последици. Хамилтон треба да знае за ова, рече Марко.

Инцидентот се случи уште во првиот круг, по што Верстапен остана без пласман и заврши во болница на превентивни прегледи, додека Хамилтон на крајот победи и покрај казната од десет секунди која предизвика големи реакции кај љубителите на Формула 1.

Back to top button
Close