Редици за вакцинација во Бугарија

Во Бугарија веќе два дена трае активна вакцинација, откако властите одлучија да воведат „зелен сертификат“ за влез на јавни места.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, само во Военомедицинската академија за три часа се вакцинирале 214 лица. Од нив, 183 биле со прва доза, а 18 со третата. Центарот за вакцинација ќе работи прекувремено и утре од 09:00 до 12:00 часот.

Промената на работното време се должи на зголемениот интерес на граѓаните да се имуниузираат против Ковид-19.

Според податоците, во последните денови забележани се три пати повеќе заинтересирани граѓани за вакцинирање. Имунизацијата се спроведува со вакцините на Модерна, Фајзер/БиоНТек и Јансен.

Моловите во Софија се празни поради новите услови за влез со сертификати. Поставени се шатори во близина на барови и ресторани во Софија, каде што се прават антиген тестови за оние кои чекаат во ред да влезат. Рестораните пријавуваат сериозен пад на посетители поради воведувањето на зелениот сертификат

Back to top button
Close