Редок феномен: На ГАК се роди четворка

На Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје во неделата се роди четворка. Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип станаа родители на три момчиња и едно девојче.

Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба. Мајката Благица била породена од страна на докторката Елена Николовска која ја водела целата бременост.

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година

Back to top button
Close