Редок нацрт на текст од Боб Дилан пронајден во книга на Ален Гинзберг
„Речиси шест децении откако легендарниот пејач и автор Боб Дилан ја напишал песната „Мене ме нема таму“ (I’m Not There), пронајдена е искината страница со работната верзија на текстот, вметната во примерок со мек повез од книга на американскиот поет Ален Гинзберг“, соопшти аукциската куќа Омега аукшнс (Omega Auctions).

Како што наведуваат од Омега аукшнс, станува збор за исклучително редок работен нацрт“, кој нуди редок увид во креативниот процес на еден од највлијателните музичари на 20 век. Страницата, на која се наоѓаат рачно напишани стихови и корекции, била зачувана меѓу страниците на книгата со децении, пред повторно да биде откриена.
„Овој уникатен артефакт потекнува од колекцијата на Сали Гросман, сопруга на првиот менаџер на Дилан, Алберт Гросман, и ќе биде понуден на аукција во април“, напиша Гардијан
Проценетата вредност на ракописот се движи меѓу 26.400 и 52.800 американски долари, што ја одразува неговата реткост и историска значајност. Покрај овој предмет, на истата аукција ќе бидат понудени и други значајни музички артефакти, вклучително и ракописи од Мајкл Џексон за песната „Црно или бело“, како и материјали поврзани со култниот албум „Во ред, компјутеру“ (OK Computer) на британската група Рејдиохед (Radiohead).






