Редовната смисла на предвремените избори

Македонската опозиција своето политичко делување го сведе на една единствена точка: предвремени избори. Бидејќи собраниската математика (проверено!) не им оди во нивна полза, можат ли предвременото распуштање на Собранието да го постигнат само со десет пати на ден повторувајќи го тоа барање?

Според планот на сегашната Македонска и на Бугарската влада, разработената агенда на работните групи за меѓувладини разговори би требало, со ритам на наизменични месечни последователни состаноци во Скопје и во Софија за секоја од определените области, да ја „совладаат материјата“ за подобрената соработка меѓу двата соседи во наредните 3-4 месеци. Проценката, а и надежта, е дека така ќе се стигне до некакво кумулативно заедничко решение што би овозможило тргање на бугарското евро-интегративно вето кон средината на 2022 година.

 

Да претпоставиме – со одредена амбициозност – дека и двете влади, со поддршка на меѓународните сојузници, политички ќе го „преживеат“ тој план (а и сите други тековни владејачки предизвици што не се мали ни таму ни овде) за операционализирање на постоечкиот Договор за добрососедство. Заклучоците од тој вложен труд во некаква документирана форма, на инсистирање на бугарската страна, би требало да поминат и во Македонскиот и во Бугарскиот парламент, по можност со што поголема поддршка од опозициските партии во двете собранија околу мај-јуни годинава.

 

Тоа е моментот кога македонската опозиција ќе ја добие шансата, а и смислата да го кулминира притисокот за предвремени избори: ако Владата сака општонационална поддршка за договореното со Бугарија, тогаш ќе мора да се согласи за брзи предвремени избори – крајот на септември, така, би изгледал како можна, а и најрана опција за тоа.

 

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close