Референдумот за независност на Нова Каледонија ќе се одржи на 4 октомври

Референдумот за независност на Нова Каледонија ќе се одржи на 4 октомври, соопшти портпаролката на француската Влада, Сибет Ндиаје, јави дописникот на МИА.

Според декретот на министерот за внатрешни работи, референдумот за независноста на Нова Каледонија ќе се одржи на 4 октомври, откако беше одложен првично предвидениот датум 6 септември поради кризата со пандемијата на коронавирусот.

Француската Влада уште во мај им најави на лидерите на профранцуските партии и тие што се за независност на оваа прекуокеанска територија, дека има намера да го одложи гласањето за 4 октомври. Првиот референдум за независност се одржа на 4 ноември 2018 година, на кој гласачите од Нова Каледнија со 56,7 отсто од гласовите рекоа „не за независноста.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close