Реформи во судството еден од приоритетите на владината коалиција
Едно од приоритетните прашања за оваа коалиција се реформите во судството, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но, како што потенцира не може политичките партии да ја преземат улогата на обвинител или на полицаец.
– Ако се забарикадираме сите во своите позиции никогаш нема да успееме да пронајдеме решение за доброто на граѓаните. Барикадирањето и минатото треба да остане зад нас. Сметам дека целта е постигната за да се испрати порака до граѓаните на Република Северна Македонија, дека сме еден чекор напред во довербата помеѓу нашите заедници, изјави меѓу другото Ахмети.
Според Ахмети, 98 отсто од носителите на функции во ДУИ се нови лица, а само тој и Талат Џафери се од од стариот пратенички состав.