Регионална конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ“

 Регионална конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ“ ќе се одржи денска во Скопје во организација на Алијансата на либерали и демократи за Европа – АЛДЕ и Либерлано демократската партија – ЛДП:

Конференцијата ќе ја отворат министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Горан Милевски и Здравко Почивалшек, вицепремиер и министер за економски развој и технологија на Словенија.
Според најавата од прес-службата на ЛДП, ќе се одржат две панел дискусии – „Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021“ и „Членство на С Македонија и Западен Балкан во ЕУ: како и кога?“ на кои е предвидено да говорат вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и пратеничката Моника Зајкова, како и други политичари од регионот и ЕУ.

Back to top button
Close