Регионална конференција „Заштита од трговија со деца и нивна експлоатација во Западен Балкан“

– За трговијата со деца во Западен Балкан ќе се дискутира на Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: Заштита на децата од трговија и експлоатација во Западен Балкан“, што ќе се одржи денеска и утре онлајн во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Самир Ризво, помошник министер и државен координатор за борба против трговијата со луѓе во Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, Верена Тејлор, директор на програма на Совет на Европа, Алехандра Антониадис, заменик шеф на Одделението за политики за организиран криминал и дрога на Eвропската Комисија и Екатерина Дородонова, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Согласно собраните податоци од последните официјални статистики за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, децата го сочинуваат мнозинството потенцијални и формално препознаени жртви на трговијата со луѓе во Западен Балкан или приближно 66 отсто во 2020 година.

Најчесто причините за трговија со деца се сексуалната експлоатација, детската порнографија, присилните бракови, присилното питачење и работа.

На Регионалната конференција ќе се разгледува влијанието од националните мерки во борбата против трговијата со луѓе и ќе се предложат нови подобрени сегменти за делување преку градење капацитети, координација и соработка, како и потенцирање на одржливи решенија кои ја адресираат причината за трговијата со деца.

Back to top button
Close