РЕК Битола не произведува струја

Од утрово РЕК Битола не произведува струја, а двата блока се во прекин, поради што земјата се потпира исклучиво на увоз на струја во моментов, објави Телма.

Македонија троши струја од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Европската енергетска заедница.Инаку пред два дена во РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувањана трансформаторот на Блок 3, а тогаш преку соопштение.

Од АД ЕСМ за „Телма“ изјавија дека за производство на струја нема да се користи Блок 3, туку побргу ќе се работи на рестартирање на Блок 2 во РЕК.

Инаку ЕСМ Продажба вчера објави дека склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26.000 мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра. Ова количество треба да ги покрие потребите за две недели, а испораката започнува од денес.

Се очекува до крајот на оваа недела да се одбере понудата за набавка на 900.000 тони јаглен за надминување на енергетската криза во земјата.

Back to top button
Close