РЕК Осломеј утрово вратен на мрежа


РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

– Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3, известуваат од АД ЕСМ.

Од компанијата потенцираат дека произведената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

Back to top button
Close