Рекетарска шема со агенции за обезбедување и во Пробиштип открива Левица

t

РУДАРИТЕ ПЛАЌААТ, ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ СИ ПРАВАТ БИЗНИС

Секој месец, на рударите од Пробиштип им се земаат 10% од платата. Казни за обичниот народ, додека тие што се на врвот – блиски до #ДПМНЕ – си ги полнат џебовите!

Додека рударите се казнуваат, локалните “патриоти” од #ДПМНЕ не седат со скрстени раце.

#МарјанПанов_Лиса – претседател на т.н. „Патриотски институт“ и близок човек на новопечениот кандидат за градоначалник – #Тозо, си отворил агенција за обезбедување – Security Fox, која ги обезбедува рудниците Булмак – Пробиштип, и Тораница – Крива Паланка.

🗓За да биде иронијата поголема, агенцијата започнува со работа на 1 мај – денот на трудот!

Според информации до кои дојде #ЛЕВИЦА, во шемата е вклучена и пратеничката #ДраганаАрсова, бидејќи возило на нејзиниот сопруг се води како имот на истата агенција.

Од друга страна #ТониТоневски, старо – новиот кандидат за градоначалник од #ДПМНЕ, кој моментално е директор на рудниците Булмак и Тораница, е дел од истата шема:тој ја држи ХРАНАТА,

#МаријанПанов_Лиса го држи ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО.

Двајцата заедно, под партиската закрила, си прават приватен профит од маката на рударите!

Ова е класичен партиски клиентелизам!

Ова не е работа – ова е РЕКЕТ!

Ова не е држава – ова е ПАРТИСКА ФИРМА на #ДПМНЕ!

Левица нема да дозволи оваа шема да помине во тишина и интитуционално ќе се бори ваквите бизнис шеми во иднина да бидат обезличени!

Работникот не е роб!

Државата не е банкомат на #ДПМНЕ!

Пробиштип не е приватна фирма!

#Левица
#ПробиштипЗаслужуваПодобро
#ВМРОБизнисШеми

facebookShare on

Back to top button
Close