Реконструкции и санации во основните училишта во општина Карпош

 Општина Карпош во текот на летниот распуст спроведува реконструкции и санации во сите десет основни училишта во општината.

– Во ек е реконструкција на две училници во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле. Притоа се менува стариот и оштетен под во просториите кои повеќе години беа во лоша состојба, соопштија од Општина Карпош.

Од Општината посочија дека и покрај тоа што е неизвесен начинот на кој ќе започне новата учебна година, Општина Карпош вложува во севкупно подобрување на условите за престој и едукација на основците.

– Изминатиот период, во повеќе наврати, се дезинфицираа основните училишта со цел да се обезбеди заштита на вработените кои спроведуваат ротациони дежурства, истакнаа од Општината.

Back to top button
Close