Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Токио

 Во Токио во последните 24 часа се регистрирани 244 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд во јапонскиот главен град, соопштија локалните власти.

Повеќето од новозаразените во Токио се на возраст меѓу 22 и 40 години, а се работи за млади луѓе кои неодамна посетиле ноќни клубови.

Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Јапонија надмина 21.000, а околу 1.000 луѓе починале.

Back to top button
Close