Рекорден број на заболени од коронавирус во Aлбанија
Во последните 24 часа во Албанија забележан е рекорден број на позитивни лица на вирусот Ковид 19. Регистрирани се 90 новозаболени лица во едно денoноќие од вкупно 362 тестирани лица. Според албаското министерство за здравство и социјална политика станува збор за досега најголем број на заболени лица од Ковонавирус во земјата. Најмнбогу болни повторно има во Тирана дури 35 случаи а голем е и бројот на новозаболени во Драч и Скадар.
Министерството информираше дека за еден ден регистрирани се и 3 починати лица, со што бројот на починатите во оваа земја од почетокот на пандемијата сега изнесува 72 . Од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 2752 случаи додека активни случаи се 1088. Вкупниот број на тестови е 28.о33.
Албанските задраствени институции оценуваат дека бројот на болните е во пораст секојдневно а како главни причини се наведуваат непочитување на мерките за заштита од Коронавирус .
К. М.