Рекордна заплена на дрога во Велика Британија: 5,7 тони кокаин пронајдени во контејнер со банани

Во пристаништето Саутемптон на 8 февруари полицијата заплени 5,7 тони кокаин во вредност од 526 милиони евра. Тоа е најголемата заплена на дрога од класа А досега во Велика Британија. Националната агенција за криминал (NCA) и граничната полиција ја пронашле дрогата во контејнер со банани од Јужна Америка, пренесува Sky News. Претходната рекордна заплена беше извршена во истото пристаниште во 2022 година и изнесуваше 3,7 тони.

„Оваа рекордна заплена ќе биде огромен удар за меѓународниот организиран криминал. Ќе загуби огромен профит“, рече директорот на NCA, Крис Фаримонд.

„Дестинацијата на оваа пратка беше континентална Европа, но не се сомневам дека значително количество дрога ќе завршеше назад кај нас“, додаде тој.

Полицајците утврдуваат која криминална мрежа ја организирала испораката на дрога во пристаништето Саутемптон. Откриено е дека крајната дестинација на пратката требало да биде Хамбург, Германија. NCA проценува дека бандите во Британија во просек заработуваат 4,7 милијарди евра годишно од продажба на дрога.

„НЦА пресретнува меѓународни мрежи дома и во странство, ги запираме на секој чекор“, рече Фаримонд и нагласи дека меѓународната соработка е клучна за оваа мисија.

Портпаролот на NCA рече дека шверцот на кокаин е тесно поврзан со насилството во синџирот на снабдување. Министерот за миграција и граници Том Персглов рече дека владата има нулта толеранција за шверцот на дрога.

„Оваа заплена испраќа јасна порака до криминалците дека ќе ги фатиме“, рече тој. „Нашата гранична полиција неуморно работи на заштита на границите и одржување на јавната безбедност.

Back to top button
Close