Рекордна заплена во Атина, 500 килограми „природен кокаин“ вреден 1,5 милиони евра

Грчките царински службеници на меѓународниот аеродром во Атина запленија 500 килограми од психоактивната супстанца кат, соопштија властите, пренесе весникот „Катимерини“.

Кат, познат и како „природен кокаин“, е психоактивна супстанца што брзо создава зависност. Таа се добива од растението Catha edulis, кое се одгледува на Африканскиот Рог, на јужниот дел од Арапскиот Полуостров и по должината на источноафриканскиот брег.

Недозволената пратка била сокриена во четири товарни пратки означени како завеси, чаршафи и ткаенини, кои транзитирале од Израел кон Соединетите Американски Држави.

При случајна проверка во магацинот за привремено складирање на товар, инспекторите за борба против шверц ги откриле пакетите со сушени листови од кат и конфискувале вкупно 500 килограми.

Запленетата количина се проценува на околу 1,5 милиони евра.

Според грчките власти, ова претставува најголемата заплена на кат на атинскиот аеродром досега. Досегашни рекорди биле 458 килограми во декември 2014 година и 34 килограми во 2022 година

Back to top button
Close