Рекордни 60.000 заразени за 24 часа во САД

–  Повеќе од три милиони луѓе веќе се заразени со новиот коронавирус во САД. Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 60.000 нови случаи.

Бројот на заразени значително се зголеми во последните две недели во околу дваесет држави.

Двете најнаселени американски држави – Тексас и Калифорнија – вчера регистрираа рекорд за нив повеќе од 10.000 нови случаи на ден. Тексас во која живеат околу 30 милиони луѓе пријави најголем дневен биланс на заразени (10.028) од која било европска држава во пикот на епидемијата. Таму има над 210 илјади заразени и над 2.700  смртни случаи од вирусот.

Претходно, тој праг го преминаа Њујорк и Флорида – четврто и трето место во САД во однос на населението.

Рекордни 60.000 нови инфекции се регистрирани во земјата во изминатите 24 часа, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс.

Повеќе од 1.100 луѓе починаа во САД од Ковид-19 во изминатите 24 часа. Бројот на смртни случаи во земјата од болеста предизвикана од новиот коронавирус сега е 131.362.

Во САД има најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот.

Претседателот Доналд Трамп, од своја страна, ја омаловажува статистиката, која ја објаснува со големиот број извршени тестови. Сепак, многу здравствени службеници ја оквалификуваа ситуацијата како исклучително сериозна.

Back to top button
Close