Рекордно високи температури викендот во повеќе делови на Турција, од задутре снег и температури под нулата
Рекордно високи температури се измерени вчера во многу делови на Турција. Во вкупно 49 окрузи температурата изнесуваше над 25 степени Целзиусови, соопшти турската Метеоролошка агенција.
Во исто време, температурите од денеска почнуваат да се намалуваат, а задутре се враќа зимата во земјата и се очекуваат снежни врнежи и температури под нулата во повеќе делови од земјата.
Во текот на викендот во поголемиот дел од Турција беше лето. Највисока температура вчера е измерена во јужниот град Адана – 33,5 степени.
Во главниот град Анкара во утринските часови беше многу топло за сезоната, а во текот на денот температурите достигнаа 27-28 степени.
Според податоците на веб-страницата на Генералната дирекција за метеорологија, температурите низ земјата вчера биле за 10 до 18 степени над сезонските норми