Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ претпладнето беше повикан во Управата на крим-полицијата каде како граѓанин даде изјава за да соберат информации во предистражната постапка кон него за кривичното дело злоупотреба на службената положба. Тој по два и пол часа присуство во полиција заедно со адвокат нагласи дека не сторил кривично дело или злоупотреба на службената положба.
„Вчера добив покана за присуство во полициска станица поради кривична пријава, дадов изјава каде изјавив дека сметам дека не сум сторил никакво кривично дело, ниту пак кривично дело злоупотреба на службената положба. Ова е всушност пријава не само против мене, туку против сите декани, професори, студенти и против целата наша академска заедница,за која се надевам дека ќе остане обединета и едиствена…Ви благодарам на сите што сте овде денеска и им благодарам на сите што ме поддржуваа сите овие месеци, рече тој откако ја напушти полициската управа.
Стотици членови на академската заедница, студенти и граѓани околу 9 часот се собраа пред Управата на полицијата за да му дадат поддршка на ректорот.